Кога си мислите дека вашиот шеф е луд, можеби навистина сте во право. Последните истражувања покажаа дека еден на секои 25 бизнис лидери е психопат.
Психопатите се дефинирани по недостатокот на морални инстинкти, но многумина од нив успешно се кријат зад природната способност да шармираат и манипулираат со луѓето околу нив. Нивниот капацитет да се идентификуваат и да ги прикажуваат квалитетите на успешните корпоративни лидери допринесува тие да се искачуваат брзо на „социјалните скалила“, и покрај тоа што се лоши менаџери.
„Многу е тешко да се утврди разликата помеѓу вистинските лидери и психопатите“,вели њујоршкиот психијатар Пол Бабјак, кој додава дека објавените резултати се производ на комплицирани психијатриски и психолошки истражувања.
Затоа, кога шефот Ве нервира и сакате да „му ја удрите една“, сетете се дека има големи шанси да си имате работа со психопат. Најубаво би било да ја накривите капата и да си свиркате.