Станува збор за природно зголемување на градите, која набрзо станува многу популарно. Зашто е овој начин подобар и како функционира?
На сите ни е познато што се инплантите. Тие се практично балони полни со солена вода кои имаат улога да ја подигнат самодовербата на жените. Ставањето инпланти всушност е најкомплицирана козметичка процедура, не од аспект на самата операциона процедура туку од постоењето на ризици и нус ефекти кои ги прават инплантите. Голем број на инфекции, излевање на инплантот и во најлош случај лимфоми. Исто така ако веќе сте извршиле операција за зголемување на вашите гради мора да знаете дека за 10 години од операцијата ќе морате пак да бидете „под нож“.
Природното зголемување на градите подразбира пренос на масти во градите. Докторите ги земаат вишокот масти од некој дел од вашето тело каде има повеќе масни наслаги. Процедурата е многу побезбедна. Имено не постои ризик вашето тело да ги одбие мастите бидејќи тие се веќе ваши.
Жените може да здивнат. Мастите се нивен најдобар пријател. Не постои одредена тежина која морате да ја имате за да подлегнете на природниот начин на зголемување на градите, и слабите девојки и жени имаат доволно масти за да можат да се изврши процедурата.