Frederick Abberline, шеф инспектор во Scotland Yard, е човекот кој се крие зад името на Џек Мевосек, тврди шпанскиот автор Jose Luis Abad, во својата книга „најинтелигентниот убиец во историјата„.
Абад своето тврдење го темели на неколку факти. Имено го споредил ракописот на инспекторот со оној од наводниот дневник на Џек Мевосек пронајден во Ливерпул, и заклучил дека се работи за иста личност. „Нема сомневање дека инспекторот е убиецот“ – изјавува Абад. Неговата нова книга дигна голема прашина на Островот. Во книгата има објавено фотографија на инспектори од Скотланд Јард која, а со црвено мастило е заокружен наводниот Џек Мевосек. Абад тврди дека нема никакви сомнежи дека дневникот припаѓа на Аберлин, а истиот ја открива неговата мрачна страна и воедно открива мистерија стара 123 години. Според книгата која се темели на полициски записи, Аберлин го добил случајот на Џек Мевосек кој му е доделен веднаш по првото убиство на Џек, жртвата била проститутката Mary Ann Nichols. Според книгата, убиството на проститутката било случајност, но откако инспекторот го добил случајот најверојатно се поистоветил со убиецот и успеал да си направи своја приказна. Следувале многу убиства на жени – проститутки во еден од најсиромашните квартови во Whitechapel. Познатиот надимак Џек Мевосек всушност е даден од самиот Аберлин. Тој испраќа писмо до новинската агенција во кое се потпишува под севдонимот Jack the Ripper. Според тоа теоријата на Абад е дека, Аберлин всушност се истражувал сам себеси.