Моментот кога ќе се реште да се ожените значи дека повеќе не смеете ни да помислите да направите некои работи. Еве што кажаа мажите кога си ги отворија душите по стапувањето во брак. Влегуваш во брачните води и сега не можеш:
… да танцуваш како стриптизер.
… од сопругот да очекуваш цвеќиња. Освен ако карфиолот не доаѓа гратис со боранијата по која ме прати на пазар.
… да бараш совети од пријателите.
… да збеснеш кога ќе се појави проблем. Мора смирено да разговараш и да пронајдеш компромис.
… да правиш што сакаш. Безброј врски пропаѓаат токму поради ова, фактот што престанувате да бидете вистинските вие.
… да спиеш и да се тегнеш на цел кревет сам.
… да јадеш на каучот и да правиш трошки насекаде.
… да го оставаш капакот од тоалет школката кренат и ролната хартија потрошена.
… да живееш со мама.
… да ги чуваш голите слики од поранешната секси девојка.
… да ги користиш кредитните картички на тато.
… да ѕиркаш по туѓи здолништа или добиваш удар со чанта, списание, било што ке ѝ се најде при рака.
… да го замислиш животот без неа.