Пронајдени нови документи за соработката на CIA со Гадафи

popara4 септември, 20111min00
Libyan leader Muammar Gaddafi is welcomed by Uganda's President Yoweri Museveni at State House in Entebbe

Во напуштенa канцеларија во либиската разузнавачка служба биле пронајдени документи кои обезбедуваат нови детали за соработка на CIA и либискитe разузнавачи. И покрај тоа што било познато дека разузнавачките агенции на западните земји соработувале со Либија, новите документи покажуваат дека соработка на CIA и британската MI-6 со Либија е многу поголема отколку што претходно се мислело, пишува New York Times. На пример, во еден документ од 2004 година, пишува за екстрадиција на член на Либиската исламска борбена група, која се борела за соборување на Гадафи. Во документот, исто така, пишувало за тоа како Либија барала од CIA екстрадиција на Абу Абдула ал-Садик, кој тврдел дека е, всушност, Абдел Хаким Белхаџ, сегашен шеф на либиските воени бунтовници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma