Секако дека од секој дечко сакате восхит, почит, понекогаш експлозија во чуствата, но највеќе од се, сакате да чуствувате дека е заљубен во вас. Па, еве супер вести: спротивното вкоренето верување дека мажите со текот на времето губат интерес, експертите сега знаат дека момците навистина имаат страст за долга врска. Сепак, на вас е да дадете малку стратешки интерес како искрите кои летале на почетокот на врската, да останат такви за време на целото дружење.
Кога се чуствувате неодоливо на јавно место, да речеме во ресторан, изговорете го неговото име за време на зборувањето на пример “ И тогаш…. Амер…. излезе од автомобилот”. Интересно е што мажите повеќе се заинтересирани за вас, доколку помалку зборувате за вашиот приватен живот. Затоа, колку и да сакате да ги кажете трачевите за работата или новите детали за љубовната врска на вашите колеги, задржете ги во себе. Вистина дека ваквите работи од негова гледна страна се досадни и неинтересни.
Мажите не се во состојба да поднесат голема количина на информации. Тоа е една од причините зашто тие не сакаат секојдневен темелен извештај за животот. Намалете ги овие детали и ќе дојдете до супер откритие : што помалку зборувате за себе, тој ќе биде заинтересиран повеќе за вашиот секојдневен живот.