Како што се ближи крајот на Формула 1 сезоната, сепак не е толку катастрофална за Михаил Шумахер. Ќе се бори 42-годишниот Германец до самиот крај за една додворувачка титула…
Според прецизната пресметка на пилотот на Мерцедес ГП во 12 досегашни трки оваа сезона, имал изведено 51 успешен маневар на претекнувања. Според тој параметар тој го држи третото место во целните Ф1 актуелни возачи. На првото место е Џенсон Батон од Мекларен со 62, а на второ Марк Вебер од Ред Бул со 56 претркувања.
Седумпати е светски првак во Формула 1, а на претходната недела на ГН Белгија во трката стартувал од последното 24 место. Преку многуте успешни напади на возачите пред себе се избори високото петто место на крајот на трката.
„Се забавувам во ситуација на претекнување. Тогаш во потполност доаѓа моето богато искуство“, вели славниот Шумахер.