Во Зубин Поток на Косово во саботата непосредно пред полноќ одекнала експлозија и пукање од автоматско оружје, известува Танјуг. Се уште не е позната локацијата на експлозијата и дали има повредени.
КФОР пред неколку дена ги засилил своите воени сили, и ги блокирал патиштата во Извор, додека во Рудар пуштиле само една сообраќајна лента за премин.
Србите на блокадите на КФОР, одговориле со свои блокади во Бањска, каде неколку десетици возила останале заробени помеѓу барикадите во местото Извор. Ситуацијата на северниот дел во Косово е напната.