Викториини водопади

popara5 септември, 20111min00
Victoria-falls

Чудо на Африка ги нарекол Водопадите на Викторија, А.Е.Јохан најголемиот познавач на тој континент.На едно од своите последни патувања поминал 1000км, повторно да ги види своите водопади. ,,Темниот  крик на водопадите допирше во белата ноќ,чувствував дека ги допирам,, вака ја опишал Јохан таа средба. ,, Стоев и ги гледав, а срцето силно ми чукаше,ветерот го носеше густиот зид од пена ,а на небото се развило виножито предизвикано од месечината.

httpv://www.youtube.com/watch?v=8zqN1FTl2G8

,, Првиот белец сто ги посетил и опишал Викториините водопади бил Шкотскиот мисионер Дејвид Ливингстон (1813-1873). Тој се осмелил да се приближи се до слаповите со несигурно кану. На оддалеченост од неколку километри ги видел ,, петте прсти,, петте главни водопади на Замбези,видел како столбови пареа се издигнуваат.Водопадите се одвоени еден од друг со помали острови. Кон еден од тие острови Ливингстон завеслал лудачки смело.

,,Бевме толку близу до водопадите сто можевме да ги погодиме со камен. Ама сеусте неможевме да осознаеме каде се губи тоа огромно количество вода. Чиниш земјата одеднаш ја голта.Неможев да го сфатам тоа што го гледам се додека со страв не се приближив и зачудено погледнав во големит отвор на земјиното ждрело,,.Ждрелото кое по проценка на Ливингстон било со широчина од 25метри,денес е трипати поголемо. Недалеку од водопадите се протега мостот Кејп-Каиро,железницата оди над кањонот,а луксузен хотел им овозможува на патниците да се восхитуваат на ,,исконската бука од грмоевици,,(лонец што врие)- водата што се губат во длабочината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma