Откако минатата недела мораше да ги демантира гласините дека се разведува од сопругот Вил Смит и дека нема афера со Марк Антони, Џада Пинкет Смит има нови проблеми. На facebook, на својот ѕид објави дека серијата “Hawthorne” во која таа ја има улогата на медицинска сестра, нема повеќе да се снима и нема да има следна сезона.
„Сакам да им се заблагодарам на сите обожаватели и гледачи за поддршката што ми ја дававте. Благодарам многу и верувајте набргу ќе има нешто ново од мене“ објави малерозната Џада.
Со неа во серијата глумеше и Марк Антони со кој наводно Џада многу се зближила. Се шпекулираше дека тие многу од времето го поминуваат заедно и дека таа го теши откако Марк се разведе од Џенифер Лопез. Двајцата ги демантираа шпекулациите.