Палеонтолозите откопаа фосил на праисториски носорог чија старост се проценува на милион години пред појавата на денешните носорози. Со ова се фрла ново светло врз истражувањето на носорозите, но и врз еволуцијата на Тибет и неговата околина за време и по леденото доба.
Новопронајдениот фосил најверојатно му припаѓа на влакнестиот носорог, кој се смета за предок на големите животни кои живееле во Северна Америка, Европа и Азија.
Фосилот Coelodonta thibetana потекнува од пред 3.7 милиони години. Научниците веруваат дека Тибетската висорамнина служела како лулка на еволуцијата пред леденото доба. Ова откритие е многу важно, бидејќи става нов акцент врз мислењето дека сите големи цицачи се развиле и еволуирале само во регионот помеѓу Европа и Азија.
Фосилот го открил Заоминг Ванг, кој е специјалист за палеонтологија на ‘рбетници и работи во Музејот за национална историја во Лос Анџелес. Тој вели дека овој пронајдок е сосема случаен и неочекуван.
„Навистина бев вчудовиден од ова откритите и одвај собрав средства и сили за да успеам да го пренесам во Пекинг“, изјавил Ванг и додал дека покрај носорогот, биле пронајдени фосили на снежни леопарди, овци, антилопи и други видови на цицачи.
Ова откритие е мошне значајно за разбирање на потеклото на еволуцијата, но исто така е значајно за научниците кои во се поголем број го истражуваат Тибет, како потенцијално место на еволуција во праисториско време.