Критично загрозени животни

popara5 септември, 20111min00
Orangutan and Baby

Глобалното затоплување им се заканува на пингвините на Антарктикот, каде што бројот на четирите видови се намалил за 66% во последните 25 години, објави Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).

Во извештајот „Пингвините на Антарктик и климатските промени“ се наведува дека поради глобалното затоплување исчезнува драгоценото копно на кое некои видови на пингвини ги подигаат своите младенчиња, додека другите останаа без извор на храна поради претераниот риболов поврзан со поместувањето на ледената површина.

-„Пингвините на Антрактик имаа „многу трки во нозете“, но сега тие симболи на Антарктикот се соочени со исклучително тешка битка, а тоа е прилагодување на досега невидените размери на климатски промени“, изјави заменичката на директорот на WWF, Anna Reynolds.

Антарктик се загрева 5 пати побрзо од остатокот на Земјата, а температурата на најголемиот Јужен океан расте се до длабочина од 3.000 метри, истакнуваат во фондот.

Ледот покрива 40% помала површина на Западниот антарктички полуостров во однос на периодот пред 26 години, што довело до намалување на бројот на ракови, главна храна на герданските пингвини. Бројот на тој вид на пингвини се намалил во некои колонии за 30% до 66%, а слична судбина ги снајде и жолтоногите пингвини.

Некои колонии на царски пингвини се преполовиле во последните 50 години, велат во WWF, и истакнуваат дека поради повисоките зимски температури и посилните ветрови тие мораат да подигаат млади на многу потенок лед;

-Животот на Земјата се побрзо исчезнува зашто мерките за зачувување на природата постигнаа мошне ограничен успех, па помеѓу цицачите денес е загрозен секој четврти вид, а помеѓу водоземците секој трет, покажаа резултатите на редовното годишно истражување на загрозени видови.

Големиот човеколик мајмун, еден од најблиските животински видови на човекот, прејде од категоријата на загрозени во категоријата на критично загрозени видови, откако се откри дека во последните 20-25 години две третини од горилата од подрачјето Western Lowlands се истребени поради трговијата со нивното месо и од вирусот на еболата во последните 15 години.

Истата промена на категоријата ја доживеа и крокодилот Gharial, кој живее во Индија и Непал, чија популација помеѓу 1997-ма и 2006-та година падна од 436 на 182 возрасни примерока.

Орангутаните од Суматра се критично загрозени, а оние од Борнео умерено. Околу 7.300 орангутани од Суматра живеат во дивина, но се загрозени поради загрозената околина и исчезнувањето на палмите.

Морските кучиња млатови се загрозени – нивното месо се смета за деликатес, а често се вплеткуваат во рибарски мрежи. Се размножуваат на две години, а популацијата за 25 години им опадна за 80%.

Мршојадците во Азија и Африка се исто така загрозени.

Само еден животински вид, папагалот од Маврициус, премина од критично загрозени во пониска категорија на загрозеност, благодарение на напорите на активистите за зачувување на природата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma