Чешка во шок! Мајка си ги избодела своите деца, па потоа ги задушила

popara5 септември, 20111min00
dum-nalezeni_4_detskych_tel-1

Чешката нација е во шок поради невиденото убиство што се случило во источниот дела на земјата,  кога мајка со нож ги избодела своите четири деца, а потоа ги задушила.

Едно од најсуровите брутални злосторства во Чешка се случил во петокот, но медиумите во Европа почнале денес да пишуваат за тоа. Чешката полиција во меѓувреме објавила дека се сомнева во 36-годишна мајка за убиство на сите четири деца – две момчиња и две девојчиња.

Полицијата ја пронашла жената во бесвесна состојба цела во локва крв и со убодни рани. Се претпоставува дека сакала и да се обеси. Со хеликоптер итно била пренесена во болница.

Убиените деца имале десет, осум и седум години, а најмлалото имало само два месеци. Бебето било дете на партнерот со кого осомничената мајка живеела. Тој го пријавил убиството во полиција.

Аутопсијата покажала дека децата прво биле бодени со нож, а потоа задушени.

Мајката, чие име не е наведено, се наоѓа во болница под строг полициски надзор. Во неделата официјално била обвинета за четири убиства, и следува казна од 15 до 20 години затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma