Една нова студија покажала дека помалку сол во исхраната и повеќе вежбање го одржува нашиот мозок активен и во длабоката старост. Ова не е прв пат физичката активност да се поврзува со подоброто функционирање на мозокот, но улогата на солта ги изненадила научниците.
Тие и немаат практичен доказ дека солта не „оглупавува“, но откриле дека неактивните лица кои внесуваат повеќе сол имаат послаби когнитивни функции. Ако сакате солена храна, а не сте љубител на вежбањето, јасно е дека ќе морате да ги исфрлите големите количини на сол во исхраната.
Солта влијае на зголемување на крвниот притисок, коските и на целокупната состојба на кардиоваскуларниот систем.
Меѓутоа, не е се така црно. Лицата кои активно вежбаат можат да внесуваат повеќе сол, без никаква опасност за нивното здравје.