Додека поголемиот број на пеачки се опседнати со витка линија, една од нив тоа најмалку ја интересира. Адел за интервју за Вог изјави дека е задоволна со своето тело и дека нејзините облини не и представуваат проблем.
– Сакам да сум јас. Секогаш сум сакала. Познавам жени на кои животот им е плн правила со кои одржуваат витка линија. Тоа само им го уништува животот. Јас едноставно тоа не го сакам- кажа пеачката кој ги откажа првите два концерти во Велика Британија заради тешка настинка.
– Вишокот на килограми никогаш не ми биле проблем. Никогаш не сум се дружела со ужасни луѓе кои тоа го сметаа за проблем. Секако дека понекогаш сум несигурна во себа, но не се дружам со луѓето кои ме предупредуваат за тежината- заклучи пеачката на која славата и е во пораст.
Нејзиниот албум 21 е продаден во 3,5 милиони копии.