Амфибиус 1000 е проект вреден 500 милиони долари кој италијанската архитектонска компанија GZDG планира да го изгради во Катар. Комплексот е замислен во два дела, едниот би бил сместен на самото крајбрежје, а другиот во морето. Новиот град ќе има апартмани, канцелариски простории, шопинг центри и шеталишта, а во средината ќе се изгради луксузен ресторан со панорамски поглед. Едниот дел од комплексот ќе се наоѓа под површината на водата, од каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасните подводни пејсажи и морскиот свет. Превозот ќе биде организиран со електрични возила или мали јахти.