40 % од Европјаните се ментално болни?! Страшно! :(

popara6 септември, 20111min00
mentalno zdravje

Жителите на Европа се многу склони кон ментални и невролошки болести. Имено 165 милиони односно 38 проценти од популацијата во Европа секоја година пати од некој вид на невролошко пореметување како депресија, анксиозност, несоница и деменција – покажуваат најновите истражувања.

Истражувањето траело 3 години, а го раководел Урлих Витшет директор на институтот за клиничка психологија и психотерапија на Дрезденскиот универзитет. Во истражувањето биле опфатени жители на 27 земји членки на европската унија, граѓани на Швајцарија, Норвешка и Исланд, односно популација од 514 милиони жители во Европа.

Утврдено е дека само една третина од ментално заболените примаат терапија, а тоа придонесува до поголеми економско – социјални трошоци. Се проценува дека тој трошок изнесува повеќе од десет милијарди евра, а причината е тоа дека ментално заболените често се неспособни за работа и распаѓањето на семејствата.

Последното вакво истражување е објавено во 2005 година. Тогаш биле опфатени 301 милион жители при што е утврдено дека 27 % од тогашната популација била ментално заболена.

„Очигледно дека овој процент вртоглаво расте, мора де се превземаат итни мерки за да се запре ваквиот тренд“ – изјавува Витшер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma