Скарлет Јохансон ги остави сите без здив кога се појави во секси припиен костим на снимањето на филмот „Одмаздници“ заедно со Крис Еванс, односно Капетан Америка.
На снимањето кое се одвиваше во Централ Парк во Њујорк, Јохансон блесна во припиен црн костим кој одлично ја потенцира нејзината фигура. Актерката ја игра улогата на Наташа Романов и изгледа навистина секси со црвена коса и припиено црно одело.
Во новиот блокбастер, покрај Јохансон ќе се појават и Роберт Дауни Јуниор, Крис Хемсворт и Самуел Л. Џексон. Со одлични глумци и жешка костимографија, очекуваме филмот да постигне огромен успех.