Во изминатиов период сите бевме некако преокупирани со она што се случуваше на MTV музичките награди во Лос Анџелес. Од настапите, наградите, па сè до модните погодоци и утки.
Ние, за вас, решивме да ги издвоиме најдобрите досегашни настапи на MTV наградите во изминативе 28 години. Па, погледнете што издвоивме за вас како потсетување на уникатните мигови кои ја пишуваат музичката историја. Дали се согласувате?
10. Ријана, 2008 („Disturbia“/„Seven Nation Army“)
Видео музичките награди од 2008 година ги отвори Ријана, девојката која го спои нејзиниот заразен поп со ритамот на „Sever Nation Army“ од Вајт Страјпс. Па, нормално дека Ријана ќе ги донесе и зомбите. Уште ако го додадеме и железниот оклоп околу неа, совршен настап.
9. Еминем, 2000 („The Real Slim Shady“/„The Way I Am“)
Со настапот на сред толпа од Еминовци, Маршал Матерс јасно и гласно докажа дека тој е и секогаш ќе биде единствениот „Real Slim Shady“. Успеа да се врежи во нашите мисли откако ги донесе своите имитатори низ „Radio City“ и упадна точно со „The Way I Am“.
http://www.youtube.com/watch?v=NRhZ-2R3T-0&feature=player_embedded
8. Тејлор Свифт, 2009 („You Belong With Me“)
Кантри девојката Тејлор Свифт го осети духот на големиот град на наградите во 2009 година, кога ја испеа „You Belong With Me“ во градското метро , па на крај излезе од таму и се качи на такси. Свифт беше баш весела од иновативниот настап, се додека Кајние Вест ја утна работата подоцна со испадот, па „Ќе те оставам на продолжиш“ и бла бла.
http://www.youtube.com/watch?v=dr6yZYDQ2h8&feature=player_embedded
7. Бијонсе, 2009 („Single Ladies (Put A Ring On It)“)
Сите останавме подзинати кога Бијонсе го објави видеото за „Single Ladies“, а просто ни го одзеде здивот кога ги видовме нејзините совршени движења на наградите во 2009. Почна скромно, кога излезе сама на сцена за потоа да и се придружат двете верни танчерки, па на крај дури и војска на слични девојки (трикчево го има користено и порано).
http://www.youtube.com/watch?v=kSbCNaZKXt8&feature=player_embedded
6. Мадона, 1990 („Vogue“)
Станува збор за мешавина од култури кога Мадона облечена во носија од 18-тиот век го поучи светот што е мода и сценски настап кој бил популарен низ скршните геј клубови во 80-тите. Магијата на видео музичките награди се роди.
http://www.youtube.com/watch?v=PsjN0HFOMhE&feature=player_embedded
5. Бон Џови, 1989 („LIvin’On A Prayer“/„Wanted Dead Or Alive“)
Настап главно во духот на восхитувачките настапи во живо на MTV, бендот на Бон Џови го вклопи својот имиџ од поп-металци во акустична свирка. Џон заедно со гитарата на Ричи Самбора ја крена салата на нозе со познатите хитови, овај пат во малку поскромно светло.
http://www.youtube.com/watch?v=28cdgGCBIrA&feature=player_embedded
4. Мадона, Бритни Спирс, Кристина Агилера и Миси Елиот, 2003 („Like A Virgin“/„Hollywood“)
Бакнежот !!! Можевме ли да коментираме за нешто друго освен за бакнежот? Кутра Кристина, камерата се сврти за нејзиниот цмок со Мадона. Легендарниот настап го отворија Бритни и Кристина , оддавајќи му почит на настапот на Мадона во 1994 година. А шлагот на тортата беше Мадона, облечена како младоженец. Да си кажеме искрено, бакнежот беше тоа битното, а не настапот.
3. Лајди Гага, 2009 („Paparazzi“)
Кога мајката на чудовиштата го објави видеото за „Paparazzi“, веднаш премина во историја. А, пак, на настапот, од градите на Гага течеше лажна крв и потоа се обеси на импровизиран таван. Дури и за самата Гага беше исцрпувачки.
2. Бритни Спирс, 2001 („I’m A Slave 4 U“)
Веќе порасната и секси девојка, Бритни остави траги по нејзиниот настап во 2001 година, кога ја насочи енергијата од „ I’m A Slave 4 U“ во џунгла на сцена. Истовремено, имаше и огромен светло-жолт питон околу вратот.
1.Мајкл Џексон, 1995 („Medley“)
Мајкл со настапот во 1995, докажа по кој знае пат дека е кралот на музиката. Не само што ги забавуваше MTV гледачите со 10-минутен настап на најголемите хитови, туку и се пресоблече повеќе пати и ги изведе неговите познати чекори, а Слеш растураше на гитара. Незаборавниот настап на Мајкл и неговата магија заслужено се изгласани за најдобар момент на MTV музичките награди , иако стар 16 години.
http://www.youtube.com/watch?v=LHFH3JgE-mc&feature=player_embedded