Холивудската актерка и понекогаш пејачка, Скарлет Јохансон ја снимаше песната „Бони и Клајд“ на Серж Генсбур и Брижит Бардо од 1986 година, заедно со синот на Серж, Лулу. Се работи за нов почесен албум на Лулу во кој Скарлет е гостинка.
Албумот наречен „Од Генсбур до Лулу“ ќе излезе во Ноември, а во наго Лулу ги пее песните на починатиот татко. Во новата верзија на „Бони и Клајд“, Скарлет ги пее стиховите на Брижит Бардо на англиски, а Лулу ги пее стиховите на татко си на француски.
Деби албумот на Скарлет по име „Anywhere I Lay My Head“ излезе во 2008 година, а во 2009 се појави и нејзиниот втор албум „Break Up“.
Еве како звучи дел од песната на Скарлет и Лулу:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=UOjec4hqTSY