Откријте ја вистината за кафето!

popara6 септември, 20111min00
kafe sl

Иако на многу од нас ни е незамисливо да го започнеме денот без утринско кафе кое не буди и не одржува будни во текот на целиот ден, фактите зборуваат поинаку. Омилената утринска напивка нема баш толкава моќ како што мислевме.

Во истражувањето спроведено на еден британски универзитет откриена е вистинската вистина за кафето, а како работите стојат, идејата за разбудувњето е само во нашата глава. Не не буди кафето, туку нашето уверување дека за тоа служи!

Британските научници проучувале 88 доброволци во старосна граница меѓу 18 и 47 години од кои голем дел биле љубители на кафе и пиеле два пати дневно. На еден дел им дале кафе со кофеин, но им кажале дека нема кофеин, додека другата група добила без кофеин, но им било кажано дека содржи кофеин. Добиените резултати покажале дека пиењето на кафе во реалноста воопшто не влијае на нашата будност.

Испитаниците кои пиеле кафе со кофеин имале добри реакции, но најголемо изненадување било кога е откриено дека подобри реакции имаат оние кои пиеле кафе без кофеин.

Заклучок од целото истражување е објавено во списанието „Appetite“ гласи дека сепак се е во нашата глава. Помислата дека сме земале кофеин може да произведе подобра и поголема концентрација отколку самиот кофеин, тврдат стручњаците, и тоа е факт кој не смееме да го заборавиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma