Фауџа Синг кој има 100 години е најстариот маратонец во светот, а воедно е првиот натпреварувач кој се пријавил за учество на маратонот кој во 2012 година ќе се одржи во Единбург.
Тој досега има истрчано седум маратони до својата 89 година, а изјавил дека тајната на неговата добра кондиција се крие во консумирањето на кари и многу чаеви.
„Мојата тајна е во следново: бидете среќни, здрави, позитивни и правете добри дела. Тајната на долговечноста е во животот без стрес“, додал Синг.
„Доколку постои нешто што неможеме да го промениме, зошто тогаш да се нервираме или вознемируваме околу тоа?Бидете благодарни за се што имате, бегајте од луѓето со негативна енергија, смеј те се и трчајте“, се советите кои ги кажал 100 годишниот маратонец.
Тој се уште го држи светскиот рекорд во трка на мажи кои имаат над 90 години, кој го постави во 2003 година во Торонто, кога го заврши маратонот за еден час и 40 минути.
httpv://www.youtube.com/watch?v=TP5qMuefmyA