Некогашниот топ модел Клаудија Шифер тврди дека во својата куќа имала дух…и не само тоа, таа вели дека го истерала надвор!
Всушност, таа и нејзиниот сопруг Метју Вон, до неодамна живееле во Лондон, бидејќи морале да повикаат егзорцист за да го истераат духот од нивната вила во Сафолок.
Сега семејството со своите три деца, Каспер, Клементин и Козим планираат да се вратат во вилата…се надеваме дека овој пат ќе биде без духови.
Клаудија го повикала егзорцистот, откако дознала дека во куќата има две, наводно проколнати слики од духот на Пенелопе, која починала во истата куќа, каде сега живее Калудија со своето семејство.