Четири децении по последните истражувања на месечината, Американската агенција НАСА се враќа на место на „злосторот“.
Новинските агенции пренесуваат дека НАСА ќе прати 2 летала со големина на машина за перење алишта на Месечината.
Леталата треба да бидат лансирани во четврток со помош на ракета од која ќе се одвојат 1 час од полетувањето.
Целта за ваквата програма на НАСА е создавање на најпрецизна мапа на Месечевата гравитација и скенирање на Месечината за да се прецизира што всушност постои под површината на нашиот природен сателит.
Мисијата треба да заврши за 3 месеци во кои НАСА се надева дека ќе собере досега најпрецизни информации за создавањето и животот на Месечината.