Плажи на кои би останале засекогаш

popara7 септември, 20112min00
1 naslovna

Со фактот дека летото е се уште тука и за сите оние кои се уште го немаат искористено годишниот одмор, ова е прав момент да ги преставиме едни од најубавите плажи во светот.

Канкун Мексико

На петто место се наоѓа плажата Канкун во Мексико, за која се говори дека ја сакаат оние луѓе кои ги сакаат луѓето. Сместена на полуостровот Јукатан Канкун е прекрасна плажа со ситен бел песок, тиркизна боја на морето и богат ноќен живот. Тоа е место со бројни археолошки наоѓалишта,како и едно од светските чуда „ Chichen Itza“. Оние кои сепак сакаат малку повеќе приватност можат да ја посетат оваа плажа надвор од сезоната.

Заливот Маја, Фи Фи Тајланд

Оваа песочна плажа нуди прекрасни пејсажи од корални гребени и високи карпи. Времето кога ќе сакате да ја посетите е важно правилно да се одбере. Бидејќи во сезоната е преполно со туристи, а надвор од сезоната е време на големи плими. Освен тоа помеѓу ноември и април брановите знаат да бидат толку големи така што би било многу опасно да се капете во морето.

Архипелагот Андаман – Индија

Местоположбата во Бенгалскиот залив во Индискиот Океан, не е поволна поради големиот број на цунами кои ја погодуваат оваа област. Но туризмот сепак постои и тоа поради прекрасната природа и волшебни залези.

Плажата Периса, Санторини, Грција

Ако сте љубители на мирно море и топол песок, тогаш ова е плажата за вас. Километри долгата плажа со црн песок привлекуваат туристи од целиот свет. Во близина се наоѓаат бројни ресторани и барови, а е и добро заштитена од ветрови кои доаѓаат од Егејското море.

httpv://www.youtube.com/watch?v=etUOy3TCnQ4

Плажата Ипанема, Рио Де Жанеиро, Бразил

Ова е една од најсекси плажите во светот кои можат да се посетат. Оваа плажа добива се повеќе на популарност и во последно време се смета дека ја надминува популарноста и на Копакабана. Истовремено е многу посакувана и од домашните туристи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma