Нов скандал на модната сцена! На удар на критиките повторно се најде култниот „Вог“ од кој излезе видео снимка на која јасно се гледа како манекенките ги лепат очните капаци со селотејп за да постигнат изглед на Азијатки.
Светската модна сцена и понатаму ја потресуваат скандали, а овој е последниот. Откако пред еден месец на својата интернет страна објави статија за најновите модерни обетки со име „ропски“, „Вог“ ја запрепасти јавноста и поттикна силна критика поврзана со инволвираниот расизам во самата статија.
Снимката од зад сцената на која се гледа како манекенката, која се сликала за јапонското издание на мосното списание, ги лепи со селотејп слепоочниците и ги затегнува очите за да постигне изглед на Азијатка.
За целата трансформација е задолжена Ана дела Русо, уредник во „Вог“, а во јавноста е позната како „моден манијак“. Не е баш јасно дали со тие фотографии сакала да ѝ се додворува на јапонската популација или пак, сакала да направи нешто необично и досега невидено.
Сепак, оваа козметичка постапка, ако воопшто може така да се нарече, подигна доста прашина во јавноста која овој настап го оцени како расизам и од страна на манекенката и од страна на трансформаторката.
Еве како изгледа и целиот процес на шминкање: