Кучето Харбор влезе во Гинисовата книга на рекорди како куче со најголми уши во светот чија должина вкупно изнесува 60 сантиметри.
Харборовото лево уво е долго 31,12 сантими, а десното 34,29 сантиметри.
Харбор е ловечка раса на куче кое учествува во лов на ракуни, а долгите уши му помагаат во трагањето. Неговата сопственичка Џенифер Верт смеејќи се објаснува како сега осумгодишниот Хабор кога бил мал постојано се сопнувал од своите уши, моментите биле толку смешни што е тешко да се опишат без да се видат. Многумина кога ќе нè видат на улица, нè застануваат, бараат да се фотографираме, го галат Хабор по ушите, а тој го обожава сето тоа внимание.
Светскиот рекорд на најдолги уши кај кучињата се уште го држи кучето Тајгер кој пцовиса во 2009 година, должината на неговото лево уво изнесуваше 34,29 сантиметри, а десното 34,92 сантиметри.
httpv://www.youtube.com/watch?v=cwxX13qG2d8