Момче избодело напаѓач, а подоцна сфатило дека тоа е неговиот татко

popara7 септември, 20111min00
policija_422776S1

Момче го бранел својот вујко од напаѓач пред неговата куќа во Вашингтон и неколку пати го избодел со нож. Подоцна сфатил дека тој всушност го убил својот татко, пренесува Њујорк Дејли Њуз.
Ралф Папутсакис(47) од Вашингтон, САД, во петокот околу 23 часот се појавил пред куќата на својот брат каде било целото негово семејство.

Неговиот брат одлучил да излезе и да види кој е напаѓачот, кој дошол пред куќата, каде Ралф веднаш го нападнал својот 46-годишен брат.

Набрзо дома пристигнало и момчето кое видело како двајца мажи се тепале пред куќата. Мислејќи дека некој го нападнал неговиот вујко, тргнал кон нив и 9 пати со нож го избодел напаѓачот. За кратко време увидел дека напаѓачот е впрочем неговиот татко.

По пристигнувањето на полицијата, двајцата браќа лежеле на тревникот, еден со повреда на главата, а другиот со убодни рани во телото. Момчето било во шок кога сфатило што направило.

Полицијата го третира инцидентот како самоодбрана, и досега никој не е уапсен. А дали ќе дојде до судење зависи од тужителите и нивната одлука дали сакаат да го обвинат момчето за убиство на својот татко.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma