Постои пропуст во сигурноста на ФБ страниците! Може да ве „хакнат“!

popara7 септември, 20111min00
Fejzbuk

Пропустa во сигурноста или можеби недоразбирањеto овозможува администраторите на Фејсбук страните да ги оттргнат изворните автори на страните и да го оневозможат администраторскиот статус, со кој новите администратори ќе можат да си присвојат нечија страна на Фејсбук, пренесуваат од Naked Security.

На Фејсбук во најчестите поставени прашања (FAQ) се наведува дека „изворниот автор на страната никогаш не може да биде оттргнат од другите Page администратори“

Како што вели и видеото долу администраторот на страна може да го оттргне изворниот автор и да му го оневозможи администраторскиот статус, што во одредени случаи може да биде доста незгодно. Во последно време Фејсбук страните не се само дел од интернет забавата, туку сериозен дел од деловната промоција, па губењето на администраторскиот пристап може да доведе до низа проблеми.

Па сега дали е тоа пропуст на сигурноста или е грешка во Фејсбук FAQ-от? Како што приметува Мешејбл, на крајот па не е ни важно бидејќи разликата помеѓу FAQ-от и вистинската состојба создава само збрки. Тие од Фејсбук побараа додатно објаснување.

И ние би сакале да ги слушнеме вашите искуства т.е дали некогаш на ФБ сте имале страна и дали некој друг администратор ви ја „хакнал“? Како се справите со тоа или дали воопшто сте успеале да се справите со проблемов?

 

 

 

 

 

 
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma