Адидас – Дизел комбинација на патики

popara7 септември, 20111min00
diesel-adidas-originals

Есенската колекција е направена од кожа, патенти и нитни.

Спортските великани Адидас и Дизел ја започнаа својата соработка во 2008 година. Приказната започна со Стефан Рос кој е син на основачот на Дизел и е огромен љубител на марката со три линии, Адидас. Набрзо, двата брендови се сврзаа.

Во почетокот, заедно работеа на промовирање на фармерки, а оваа година се посветија на патиките. Пролетта излезе лимитирана серија посебни патики, а како продолжение на оваа соработка, се очекува да излезе во продажба и колекцијата есен/зима 2011/2012.

Внесени се нови материјали во оригиналните Адидас патики, така што сега ќе имаме модели со патент, со нитни, со кожа и слично.

Дизајнерите на оваа линија патики велат дека патиките се најсоодветни за надворешни спортови како планинарење и брзо одење, но секако и за уличната култура.

Погледнете дел од рекламата за оваа линија патики, кои се очекува да наметнат нова мода и да станат препознатливи по квалитетот и посебноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma