Американскиот комичар Еди Марфи ќе биде водител на следните 84-ти по ред „Оскари“.
Глумецот се согласил на улогата домаќин на доделувањето на наградите и денес продуцентот Брет Ратнер таа одлука ја соопштил на Академијата, која треба службено да ја објави. Ратнер наводно го прашал само Еди дали би сакал да го води доделувањето на “Оскарите” без да предложи ниедно дуго име. Наводно многу глумци изјавиле желба да бидат водители, но Ратнер се одлучил токму за Марфи.