Гај Ричи не можеше да добие подобар поклон од неговата девојка за неговиот 43 роденден. Во понеделникот наутро во Лондон му се роди третиот син. Овој пат среќната мајка е Џеки Ензли (29) поранешна манекенка.
Неколку дена пред терминот, со итен царски рез британскиот режисер и неговата девојка Џаки Ензли (Jacqui Ainsley), добија син. Веднаш по тешкото породување среќните родители добија голем црвен букет од рози… Верувале или не букетот рози го испратила никој друг, туку Мадона бившата сопруга на Гај!!!
За Режисерот на филмовите “RocknRolla”, “Sherlock Holmes” ова е трет син. Имено тој од бракот со Мадона го има 11 годишниот Роко и посвоениот 6 годишен син Давид.