Џенифер Лопез и Енрике Иглесиас само што снимија нов дует заедно.
Пејачите се здружија со продуцентот Ди Џеј Френк И – кој претходно има работено со Енрике на песната „Tonight (I’m Loving You)“.
Вчера, Френк ги објави вестите на својата официјална Твитер страна. Тој напиша: „Новите Енрике и Џеј Ло наскоро!“
Кога безбројните фанови го запрашаа што се случува, тој им одговори: „Вистина е… Се работи за нов оригинален дует“. Исто така, додаде дека ова е нешто посебно и никој нема да може да му одолее на ова парче музика. „Застанете само на секунда и размислете колку грандиозна ќе биде оваа соработка и самата песна!“, се неговите зборови.
Освен со Енрике, Френк има соработувано и со Мадона, Питбул, Џастин Бибер, Крис Браун и Кајние Вест.
По разделбата со Марк Ентони, Џенифер е во процес на подготовка на својот нов сингл „Papi“, а Енрике неодамна изјави дека дури сега сфатил зошто татко му Хулио не бил покрај него кога тој растел.