ВИДЕО: Се срушил авион во Русија. Во него бил цел хокеарски тим на Локомотив

popara8 септември, 20111min00
0

Еден руски патнички авион „Јак-42“ вчера се срушил над Јарослав. Во авионската несреќа погинале 43 луѓе, меѓу кои биле и хокеарите од локалниот клуб „Локомотив“. Преживеле само две лица.

Според руското Министерство за вонредни ситуации, бројот на жртвите изнесува 43, а според полициските извештаи овој број е 44 жртви, а само еден преживеан.

Руската агенција „Itar-Tass“ известува дека авионот на компанијата „ЈАК-Сервис“ летал кон Минск и дека во него се наоѓал целиот хокејарски тим „Локомотив“ од Јарослав.

Министерството за вонредни ситуации ги потврди овие вести додавајќи дека во авионот имало 37 патници и 8 членови на авионскиот екипаж.

Авионот се запалил веднаш по полетувањето и паднал на 2 километри оддалеченост од аеродромот, а некои делови од авионот се нашле и во реката Волга. Постојат претпоставки дека авионот ја закачил крошната на едно дрво при полетувањето и дека тоа е причината за запалувањето на авионот.

Во составот на хокејарскиот тим имало играчи од Шведска, Полска, Украина, Чешка, Германија, Белорусија и Летонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma