Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи ги отфрлил гласините дека тој ја напуштил Либија и изјавил дека “никогаш не ја напуштил земјата на своите предци”, известуваат агенциите.
Во аудио пораката испратена до станицата Араj, Гадафи ja обвинил меѓународната заедница дека води против него “психолошка војна” со објавување на информации за неговото наводно бегство во Нигер.
“Им преостана само да се служат со психолошка војна и со лаги, изјавил Гадафи и додал, обраќајќи се на Либијците, “Тие сакаат да го ослабнат вашиот морал, не му придавајте значење на тој беден непријател.” Тој уште еднаш повторил дека “НАТО ќе биде поразен”, бидејќи нема материјални можности да продолжи со воена интервенција.
Гадафи, исто така, ја критикувал и новата либиската влада, која го симнала од власта, нарекувајќи ги: “група на платеници, предавници и стаорци.”
ТВ станицата Арај е еднинствен медиум каде Гадафи во последно време се обраќа до јавноста. ТВ станицата е со седиште во Дамаск, и е во сопственост на поранешниот сунитски пратеник во ирачкиот парламент, Ал-Мишан Џубурија.