Холивуд прави пари на веќе починатиот Бин Ладен!!!

popara8 септември, 20111min00
bin laden

Паралелно со веста дека американските специјални единици го елиминирале Осама Бин Ладен, се појави уште едно клучно прашање – кој ќе го смина првиот филм за оваа историска операција на американската војска?

Весникот Ју-Ес-Еј објави анализа на оваа тема, според која големите холивудски филмски студија веќе снимаат неколку филмови инспирирани од човекот кој се води како директно одговорен за терористичките напади врз Светскиот трговски центар на 9ти септември 2001 година.

Трката за снимање на филм за животот на „непријателот број 1“ на САД започна веднаш по нападите на „кулите близначки“, а смртта на Бин Ладен само им даде дополнителен мотив на холивудските студија што побрзо да ги објават своите филмови.

Првиот филм кој ќе и биде прикажан на јавноста е филмот „Храбар чин“ (Act of Valor) чија премиера се очекува за февруари 2012 година и во кој ќе глумат вистински командоси на поморската единица за специјални операции, позната како „Фоки“ (SEAL). Главните ликови во филмот ги играат актерите Емилио Ривера и Рослин Санчез, кои ветуваат добра акција.

Филмот за кој најмногу се зборува, а кој ќе биде посветен на Бин Ладен сеуште нема име, а се очекува да биде прикажан во есента 2012, пред претседателските избори во САД.

Покрај овие два филма, во моментот во Холивуд се снимаат уште неколку проекти посветени на животот и смртта на Бин Ладен, што само покажува дека луѓето во се гледаат, пред се, економски интерес и начин на заработка.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag