Тест: Измерете ја сексуалната интелегенција

popara8 септември, 20111min00
izmerete ja seksualnata intel

Сè почесто го слушаме терминот сексуална интегенција, кој подразбира читање на намерата и желбата на партнерот врз основа на изглед, гестови, глас, мимики, мирисот и брзо прилагодување, проф.др. Јован Мариќ открива зашто е толку важно.

SQ- коефициент сексуална интелегенција може да ви олесни многу работи во односот со партнерот.

Сексуално интелегентни личности можат да проценат личности со нивни потенцијали и интерес, тие добро знаат да комуницираат за своите сексуални потреби, ги разбираат очекувањата и желбите на партнерот.

-Најважно е да се процени однесувањето на партнерот во директен контакт во разговор. Тоа е најсигурен заклучок кој можеме да го имаме, вели Мариќ.

-Лошиот секс може да ја уништи врската или бракот. Затоа е важно да се биде интелегентен, треба да се научите да се однесувате во секоја ситуација, да се прилагодите и да го добивате само најдоброто. Секој кој сака може да ги совлада сексуалните техники. Тоа едноставно се учи. Ние луѓето имаме природен инстинкт кои го имаме стекнато од со самото раѓање, но човечката анатомија може да се совлада и преку книга. Суштината е во правилниот допир за да го доведеме партнерот до оргазам, тоа краткотрајно лудило. А колку сме успешни во ослободување на партнерот, таа порака што партнерот ја испраќа го доведува до екстаза, тоа е неопходното во секоја врска-објаснува професорот.

Тестостеронот е крив за се

Влакнестите мажи со дебели веѓи, со влакна на градите…. спаѓаат во високопотентни.Оваа зголемена коса, како и кај жените, укажува на зголемено присуство на хормонот тестостерон кој е во директна врска со човечкото либидо.

-Постојат различни сигнали кои укажуваат за каква личност станува збор.

Измерете го својот SQ. На следната изјава одговорете позитивно или негативно и откријте во која група на луѓе спаѓате.

1.Глумите оргазам.

2.Разговарате за сексот.

3.Предлагате нови сексуални техники

4.Мислите дека и партнерот заедно со вас глуми оргазам

5.Се чуствувате пријатно додека мастурбирате

6.Не ви смета ако вашиот партнер мастурбира

7.Ако не сте расположени за секс,тоа искрено го кажувате

8.Искрено зборувате за своите чуства со вашиот партнер

9.Сакате да ви се каже ако нешто “погрешитe” во кревет

10.Прифаќате дека луѓето имаат различни сексуални потреби

11.Отворени сте за предлозите на вашиот партнер во кревет

12.Го прифаќате вашето тело со сите недостатоци

13.Сакате да ги делите сексуалните фантазии со партнерот

14.Либерални сте во поглед на разчични сфаќања за сексот

15.Сакате да ги промените позите

16.Помагате на партнерот за добро да се чуствува во своја кожа

17.Сакате сигурен секс

18.Не ве навредува доколку тој го одбие вашиот предлог за секс

19.Љубовта е важна за добар секс

20.Постојат места кои се добри за секс “на брзина”

21.Искрено реагирате на прераната ејакулација на вашиот партнер

22.Се откажувате ако вашиот партнер не е расположен за секс

23.Ќе му кажете на партнерот доколку е нежен или груб

24.Добриот љубовник не ги брои “цртите”

25.Сексот не ве прави “валкан” и немате чуство на вина

Ако имате од 20 до 25 одговори со ДА-Висок SQ

Верувате дека сексот и сексуалните односи се сложени и бараат отвореност и искреност.Размислете повторно на прашањата на кои сте одговориле со НЕ.Дали можете,својот основен позитивен став кон сексот, да го примените и на овие неколку прашања?

Ако имате од 12 до 19 одговори со ДА-Среден SQ

Вие разбирате дека сексот и сексуалниот однос е многу сложен. Сепак, нешто ве спречува да го развиете позитивниот став кон оваа сфера на човечкиот живот.Уште еднаш прочитајте ги одговорите со НЕ и размислете дали за тие прашања би можеле да мислите позитивно.

Ако имате од 1 до 11 одговори со ДА-Низок SQ

Имате проблем со самодовербата и комуникацијата кои вас ве спречува потполно да уживате во сексот и сексуалните односи. Нека не ве плашат големиот број на одговори каде што сте одговориле негативно. Наместо тоа, почнете да градите самодоверба во целина. Почнете така што ќе барате од вашиот партнер она што го сакате. Во исто време, дајте му на партнерот до знаење дека сакате и тој да биде искрен и да каже што на него му одговара. Ова направете го на позитивен начин. Направете го овој тест уште еднаш за три месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma