Вануату – Вулканскиот Рај на Земјата

popara8 септември, 20111min00
vanutu 3

Највообичаено прашање на сите луѓе на светот е:

Каде се наоѓа државата Вануату?!

Всушност, Вануату е вулкански ланец на острови во југозападниот Пацифик (Меланезија), помеѓу островите Фиџи и Австралија. Се состои од 83 острови, во облик на латинично “Y“ и главен град Порт Вила на островот Ефате. Она со што ова државичка привлекува внимание е фактот дека е една од малкуте места на земјината топка каде за многу кратко време може да се префрлите од модерниот 21 век во стариот, заборавен свет.

Престолнината Вила ги има сите карактеристики на еден современ град, но за само 50-тина минути летање се стигнува на островот Тана, во свет кој не се менувал од времето кога на островот стапнал лапетанот Кук во 18 век. Луѓето сеуште живеат без модерна технологија. Жените носат здолништа од трева, готват на жежок камен, а мажите на себе носат само нанбасе (штитници за половиот орган) и во лов одат со лак и стрела.

Островот на боровите се наоѓа југоисточно од главниот островот и е опкружен со големот корален гребен на Нова Каледонија.локалниот назив му е Куни. Тоа е толку убаво што го нарекуваат “остров кој е најблиску до рајот“. Повеќе од 2.000 години од раѓањето на Христос, ерата на брзиот воздушен сообраќај, комерцијализација и интернетот не успеале да ја уништи убавината што ја има островот. Во ова рајско место на човек му треба само да се препушти на себе и за да се заборави времето воопшто постои.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma