Дали „Човекот во црно“ ги знае одговорите за НЛО?!

popara8 септември, 20111min00
Untitled

Боб Лазар од Лас Вегас пред околу дваесет години проговорил за чудните летела кои се тестирале во пустините на Невада, додека многу големо внимание предизвикал неговиот сограѓанин д-р Џон Александер.

Познат како „Човекот во црно“, д-р Александер е поранешно воено лице, “во првод” оперативец чија мисија била да ги „заскрива“ фактите за постоењето на вонземскиот живот. Тој е скептичен околу многу работи поврзани околу оваа тематика, а во постоењето на НЛО нема сомнеж, и сугерира на детално истражување на овој феномен.

Неговата долгогодишна соработка како со познатите така и со тајните агенции, насочена е кон стратегијата да се прикријат од јавноста податоците околу феноменот – НЛО. Иако во текот на своите истражувања се соочил со неорганизираност и недоверливост на информациите, тој признал дека не верува дека постои некоја завера, која ќе ги прикрива податоците за НЛО или за вонземјаните воопшто. Заради ова тој е повикан од заедницата на НЛО ентузијастите, кои веруваат дека и тој самиот има учествувано во прикривањето на вистинита. На ентузијастите воопшто не им се допаѓа неговиот став дека, НЛО не се стриктно само вонземјански летала.

Д-р Александер не им замерува на овие критики, но тој само сака истрагите околу НЛО со текот на времето да не станат предмет на исмејување и несериозност, туку тие да се одвиваат одговорно и систематизирано.

Конктертен одговор за тоа што би можело да биде НЛО , д-р Александер се уште нема, од чиста причина што не сака да нагаѓа напамет, но тврди дека и тие кои мислат дека станува збор за вонземјани и тие кои мислат дека се работи за некои будалештини, треба да ги смират страстите и да пробаат објективно да ја анализираат ситуацијата.

Во прилог следува видео интервјуто со „човекот во црно“:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=F1KdSJLGruk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma