Иако пред помалку од еден месец на свет ја донесе својата втора ќерка Хејвен Гарнер, актерката Џесика Алба не седи дома. Минатата недела папараците за прв пат ја сликаа актерката по породувањето, а сега еве нови слики направени за време на нејзиниот шопинг во придружба на постарата ќерка Онор Мари.
Заедно со нејзината ќерка, Џесика прошетала во еден трговски центар во Лос Анџелес. И додека неуморно ја провлекувала кредитната картичка, нејзината тригодишна ќерка уживала во свежо исцедено овошје и играчките кои мама ги купила за неа и за нејзината помала сестра.