Нијагарини водопади

popara9 септември, 20111min00
niagara falls1

Вода која грми

Нијагара е една од најмалите реки во светот. Долга е само 40 km, од езерото Ири до езерото Онтарио. На тој краток пат реката има висинска разлика од 107 m. Тоа всушност претставува причините за брзаците, како и причина за огромниот водопар, Нијагариниот водопад. Овие водопади се лоцирани на пограничниот предел помеѓу САД и Канада, во подрачјето на Големите езера. Американскиот водопад е широк 300 m, а длабок 61 m, додека пак канадскиот е околу 3 пати поширок и 63,6 m длабок. Во една минута тече околу 425.000 m3 вода.

“Ony0aka-ra“, водата која грми, вака го нарекуваат локалните жители овој природен феномен. За првпат, информации за овој водопад биле добиено од страна на Индијанците – тие верувале дека водените демоните секоја година бараат да бидат жртвувани два човечки животи. Во 1657 година, ова чудо на природата било вметнато во една француска географка карта. Дури 20 години подоцна, двајцата истражувачите, француските патник La Sal и неговиот белгиски сопатник Luj Enepin се пробиле до водопадите. Во првиот извештај биле објавени голем број на неверојатни информации.

“Водата има пад од 200 m“, било напишано од страна на едниот истражувач, а другиот од нив тврдел дека грмењето на водата се слуша на еден километар одалеченост. Како всушност настанале Нијагариниот водопад? Северна Америка за време на ледената доба била прекриена со санта мраз. Водата која се топела од јужните делови на овие ледени маси, создале море, кое првобитно се влевало во Мексичниот залив, а подоцна во Атлантикот. Еден ридски залив го одвоил Онтарио, кој бил најдлабок во однос на останатите езера кои тогаш се создале. Од езерото Ири се создало езерото Онтарио поради прелевање на водата.

Доколку падот на реката на почетокот се наоѓала многу близу до езерото Онтарио, со текот на времето се повлекувало се поназад, оставајќи позади себе канал преку кој водата протекувала кон езерото. Тоа може да се види до ден денешен. Во близина на езерото Ири тече Нијагара, широка околу 1.200 m. Езерото после неколку километри се дели на два ракави кои заобиколуваат еден остров. Седум километри пред водопадот двата ракави повторно се соединуваат. Од коритото на реката се издигнува островот Гоат, кој зафаќа речиси четвртина од 1.500 m широката река.

Секојдневно, огормната количина на водената маса допринесува рабовите на водопадот да се повлекуваат околу еден метар секоја година. За некои десет илјади години водопадот ќе се повлече се до езерото Ири. Камените грамади кои непрестано се одронуваат им задаваат проблеми на стручњаците, бидејќи се плашат дека американскиот дел од водопадот, би можел многу бргу да се претвори во обичен и досаден речен брзак.

Водопадот изгледа неверојатно во текот на зимата. Водопадот Нијагара се замрзнува се до местото каде што водата го завршува својот пад. Одозгора се забележуваат парчиња мраз кои се насобираат во огормни ледени брегови. “Дури ниту палатите во бајките кои се изградени од кристали и скапоцени камења, не можат да бидат поубави од ова“, вака ја опишал оваа слика светскиот патник Hans Bort.

Сепак, инженерите многу по рационално гледаат на феноменот – Нијагарини водопади. За нив, уште многу поодамна било вистинско расипништво, што оваа водена површина е неискористена. Во ’90-тите години на минатиот век за првпат бил направен обид еден дел, кој се проценувал на 50 милиони kWh, да го “скротат“. Биле задоволни што поставиле еден турбо-генератор од 5.000 kWh.

Денес тринаесет генератори, секој од нив со 150.000 kWh, се поставени. Иако се намалува водата во текот на ноќта и за време на зимските месеци, сепак се произведува значителна количина на струја. Висинската разлика изнесува и до 10 m. Тоа воопшто не им пречи на туристите. Откако САД и Канада, околу водопадот изградија кули – за набљудување; денес има четири кули, со висина од 90 до 150 m – илјадници туристи имаат можност да ја разгледуваат интересната природа и да ја набљудуваат водата што грми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag