Речиси шест милиони луѓе останале без електрична енергија во делови од американските држави Калифорнија и Аризона и но и кај нивниот сосед Мексико.
Веднаш по прекинот на електричната енергија, ФБИ почнал истрага за да утврди дали станува збор за тероризам, додека нуклеарните централи се обидуваат да ја најдат гртешката во прекинот на електричната енергија. Сепак медиумите шпекулираат дека се работи за човечка грешка.
Најтешко бил погоден градот Сан Диего, втор град по големина во Калифорнија, каде што сите летови биле откажани, улиците се оптеретени, семафорите не работат, а училиштата биле затворени. Пожарникарите успеале да извлечат околу 70 лица заробени во лифтови. Граничниот премин Отај Меса бил затворен за сообраќај.