Претставници на француската компанија “Lacoste” побарале од норвешката полиција да му забрани на масовниот убица Андерс Бревик да носи облека он нивниот бренд кога се појавува во судница. Француската компанија верува дека изборот на Бревик да ја носи нивната облека е вистинска “ноќна мора” за нивниот уникатен имиџ.
“Lacoste” го истакнале своето незадоволство поради фотографиите кои се појавиле во медиумите, каде што се гледа дека бревик носи црвен џемпер со логото на крокодил. “Ова за нас може да биде најголемата анти-реклама, која некогаш сме ја имале”, пишува норвешкиот весник Dagbladet.