Како влијае љубовта на работа?

popara9 септември, 20111min00
vrska

Околу 20% од луѓето се во љубовна врска со колега од работа.

Како интимните врски на работното место влијаат и дали воопшто некако влијаат на квалитетот на работата откриваат резултатите од една неодамна спроведена анкета во која учествувале 460 волонтери. Од сите нив 80% не се врска со некој од работа, додека пак, 20% имаат партнер од истата компанија.

Од сите испитани 57% не се во врска со колега од работа и сметаат дека тоа би влијаело на квалитетот на работата. Тие мислат дека токму поради тоа, партнерите не можат да бидат објективни и професионални, бидејќи во таквите случаи многу е тешко да се одвои приватното од професионалното. Ова може особено да се забележи, ако партнерите се на различни позиции во хиерархијата на фирмата. Ако работите заедно со партнерот, има шанси да ви се намали концентрацијата на задачите и целите, а ако раскинете таква врска тоа може да влијае врз функционирањето на компанијата како тим. Кај некои поединци, ова е голем проблем, и има случаи кога едниот од партнерите кои прекинале врска ја напушта работата.

Дел од испитаниците велат дека љубовната врска на работа влијае и негативно и позитивно, но тоа пред сè зависи од самите партнери.

Понатаму, 23% од анкетираните луѓе, не се во врска на работното место, но сметаат дека тоа никако не влијае на работата. Велат дека приватниот и професионалниот живот можат да се одвојат и дека е многу нормално на работа да ти се случи љубов, од причина што денес повеќе време поминуваме на работа отколку дома. И тие нагласуваат дека приватниот живот, без оглед каде се одвива, секогаш се рефлектира на работата.

Дека моментално се во врска на работа и дека тоа позитивно влијае на нивните постигнувања се изјасниле 11% од испитаниците. Тие велат дека очекувањата од партнерот им се поголеми, а поради емотивната врска меѓу нив, тие подобро се разбираат. Да не ги прескокнеме и негативните последици како што е на пример, намалената концентрација на работа.

Преостанатите 9% од сите анкетирани се во љубовна врска на работното место и велат дека тоа никако не влијае на нивната врска. Тие тврдат дека знаат како да ја одделат работата од интимата. Повеќето од нив не се во иста канцеларија или оддел со партнерот, па последователно немаат ни постојан контакт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma