Мистично летало над легендарната рута 66!

popara9 септември, 20111min00
NLO

Покрај фотографијата од НЛО над најпознатиот американски автопат, за настанот посебно сведочи и човекот кој ја направил самата фотографија.

Имено станува збор за објект кој наликува на летечка чинија, кој е забележан на местото за застанување покрај автопат, а освен тоа што може да се види на снимката, фотографот со зборови ни го доловува целото одвивање на необичнава појава.

Објектот делувал како повремено да мирува лебдејќи во небото, но по подолго време можело да се види дека околу него се движат неколку помали НЛО, додека тој сеуште спокојно лебди во небото.

Како што вели сведокот, малите летала биле доста брзи и нервозно се плеткале околу „матичниот летечки брод“, а со заминувањето на Сонцето, НЛО „заплива“ во самракот. Сеуште не може со сигурност да се потврди за што точно станува збор или пак дали постојат радарски снимки од необичниов објект, а шпекулациите дека објектот е вонземјански секако се шират и без да постојат докази за тоа.

Што мислите Вие за ова? Можно ли е да се вонземјани? Или се само чисти „измислици“!?

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma