Кога живееш под сенката на холивудскиот знак, зборовите „Да, го земам“ значат „Го земам…засега“. Овие познати личности не само што биле познати по своите таленти, туку секоја од нив се има разведено најмалку 4 пати. По толку неуспешни бракови се прашувам дали „Свадбениот марш“ на Вагнер го сонуваат секоја ноќ. Најверојатно дома имаат небројани кристални чаши, порцелан и сребрени сервиси кои ги добивале како подароци на многуте свадби. Тука ги издвоивме холивудските ѕвезди со најмногу бракови во животот и тие се:
- Лајза Минели
Оваа актерка и пејачка се има разведено 4 пати, последен пат во 2003 година од сопругот Дејвид Гест. Се надеваме дека ќе искористи некој од советите во книгата на мајка си, и ќе ја најде својата магична љубов позади виножитото.
2. Џоан Колинс
Британската актерка со четири разводи моментално се наоѓа во петтиот брак. Можеби и недостига улогата во „Династија“, па од сопствениот живот сака да направи сапунска опера, каде воедно ќе биде во центарот на сечие внимание. Со сегашниот сопруг Перси Гибсон е во брак од 2002 година.
3. Мартин Скорсезе
Познатиот режисер исто така има поминато низ четири разводи. Ја знае процедурата и документацијата за развод подобро отколку што таксистите ги знаат најбрзите и најкратките патишта до одредена дестинација. Блазе си му на неговиот адвокат! Меѓутоа, сега засега, од 1999 година Мартин е во брак со Хелен Морис.
4. Били Боб Торнтон
Се работи за актерот кој еднаш беше среќно оженет со Анџелина Џоли. Овој брак за него беше петти по ред и заврши исто како и претходните четири, со развод во 2003 година. Со сите овие разводи, да се надеваме дека Бил научил дека за годишнина се подаруваат црвени рози, а не црвена крв.
5. Даниела Стил
Познатата новелистка што беше особено наклонета кон пишување романтични романи се омажила и развела дури пет пати. Се прашуваме дали сега си бара материјал за најновиот роман, или се труди конечно да дојде до своето „и така си живееле среќни до крајот на животот“.
6. Лери Кинг
Водителот на вечерното ток шоу кој умее да ги постави некои од најзагадочните прашања, го одговорил вечното прашање дури седум пати. Со шест разводи зад себе, што би се случило кога сите поранешни сопруги би му се појавиле во шоуто истовремено.
7. Џери Ли Луис
Овој 75-годишен рокенрол кантри пејач и пијанист се има разведено седум пати во својот живот. Се вели дека во првиот брак стапил на 14 години, а сопругата имала 17. Последниот развод со седмата сопуга се случил после 20 години брак, во 2004 година.
8. Елизабет Тејлор
Актерката со вилолетови очи, која има добиено два Оскари во својата кариера, доживеала седум разводи од кои два се од починатиот сопруг Ричард Бартон. Освен браковите, Лиз имала многубројни афери надвор од нив. Таа дефинитивно е голема љубовџика.
9. За За Габор
Моментално има 94 години и во тој животен век оваа актерка има стапнато на лудиот камен дури 9 пати. Се развела 7 пати, а еден брак бил поништен. Со последниот сопруг е во брак од 1984 година. Позната е по својата изрека: „Јас сум одлична во чување куќи. Кога и да оставам некој маж, ја зачувувам неговата куќа.“
10. Лана Тарнер
Со седум сопрузи, осум бракови и осум разводи, Лана се најде на врвот на оваа листа. Со Џосеф Стефан Креин има стапено во брак дури два пати и со тоа докажа дека понекогаш љубовта како и поштарот ѕвони два пати… сè додека не дојде време за повторно разведување!