Хајкe Ковалаинен е роден на 19 октомври, 1981 во Сумосалми, Финска. Ковалаинен е возач на Формула 1. Тој во моментов вози за Лотус.
Ковалаинен, како и повеќето возачи во Формула 1, својата возачка кариера ја започнал возејќи картинг. Тој се натпреварувал во картинг трките од 1991 до 2000 година. Во 2000-та бил прогласен за картинг возач на годината.
Ковалаинен потоа продолжил да се натпреварува во британскиот Formula Renault шампионат, каде неговиот сонародник Кими Раиконен претходната година го имал освоено, и веднаш почнал да настапува во Формула 1 за тимот на Заубер. Тој завршил 4-ти во шампионатот, со две победи, две пол позиции, 5 подиуми и 3 најбрзи круга, и со тоа си ја заслужил наградата „Дебитант на годината.” Ковалаинен, исто така учествувал и во Formula Three Macau Grand Prix, каде завршил осми.
Во 2002 година Ковалаинен почнал да се натпреварува во британскиот Формула 3 шампионат. Настапувал за тимот на Fortec Motorsport кои користеле мотори на Рено. Тој забележал 5 победи, имал 3 пол позиции и 3 најбрзи круга. На крајот завршил трет во генералниот пласман и повторно бил прогласен за „дебитант на годината”.
Во 2003 тој преминал во натпреварувањето World Series на Нисан, за тимот на Gabord. Во 2004, откако преминал во тимот на Pons Racing и го освоил шампионатот со 192 поени и 6 победи.
Иако Кими Раиконен завршил седми во Формула 1, а Маркус Гронхолм четврти во Светскиот Рели шампионат, Хајкe Ковалаинен ја освоил наградата за возач на годината во Финска.
Во 2004 година тој учествувал на натпреварувањето Race of Champions, кое се одржало на Стад де Франс во Париз. Тој ги победил Формула 1 возачите Дејвид Култхард и Жан Алези. Додека во полуфиналето ја победил и тогашната најголема Ф1 ѕвезда Михаел Шумахер. Во финалето го победил тогашниот светски рели шампион, Себастијан Лоеб, и така стана „Шампион на Шампионите”. Во 2005 година исто така настапи на ова натпреварување, но беше поразен во полуфиналето.
Во 2005 година, Ковалаинен почнал да се натпреварува во GP2. Тој настапувал за Arden International. Ковалаинен на крајот завршил втор, 15 бодови зад Нико Розберг.
Откако шпанецот Фернандо Алонсо го напуштил Рено во 2007 година, негово место го заменил токму Хајкe Ковалаинен. Тој претходно 3 години бил тест возач за тимот на Рено. Тој имал лошо деби со многу проблеми во кое завршил 10-ти. Бриаторе мислел дека тоа е разочарувачко деби за Ковалаинен и се надевал дека вистинскиот Ковалаинен ќе се појави во следната трка. Првите Ф1 бодови во својата кариера ги освоил во Сепанг, Малезија. Интересно во трката во Бразил, Ковалаинен по сударот со Ралф Шумахер морал да ја напушти трката. Така тој ја испуштил можноста да стане првиот дебитант кој ќе ги заврши сите трки во една сезона. На крајот завршил на седмото место во генералниот пласман со 30 поени.
Во 2008 година, Фернандо Алонсо повторно се вратил во Рено, а Ковалаинен и покрај понудата од Тојота, заминал во Мекларен Мерцедес. Хајкe му станал партнер на Луис Хамилтон. Тој на крајот освоил 53 бодови и заврши на седмото место.
На почетокот на 2009 година Мекларен, имал проблеми со брзината на своите болиди, и така Ковалаинен и Хамилтон не успеале да се квалификуваат во топ 10-те возачи во првите 2 трки. Тој првите бодови ги забележал во Кина, завршувајќи петти. Сезоната ја завршил на 12-та позиција со 22 поени и со дури 5 откажувања. На 18 ноември било објавено дека светскиот шампион Џенсон Батон потпишал мултимилионерски договор со Мекларен, така оставајќи го Ковалаинен без клуб.
На 14 декември 2009 година, било објавено дека Ковалаинен потпишал договор со тимот на Лотус. Негов тимски колега бил Јарно Трули. Во 2010 година тој имал разочарувачка сезона во која не успеал да освои ниту еден бод. Такво нешто можно е да се повтори и оваа сезона во која тој, на 12 извозени трки исто така е без бодови.