Гинеколог од германскиот град Шиферштад ја шокираше германската јавност кога полицијата во неговиот компјутер пронајде дури 35.000 слики од негови пациентки кои ги сликал додека ги прегледувал.
Гинекологот инсталирал скриена камера во својата канцеларија и сликал фотографии во најразлични пози на кои се гледа како тој им врши преглед на своите пациентки.
Над него е покренато официјално обвинение, а полицијата отвори и посебна телефонска линија за собирање на приватни тужби од неговите пациентки.
58-годишниот гинеколог, чиј идентитет сеуште не се открива, се соочува со тужба за нарушување на приватноста и довербата кај своите пациенти и се соочува со казна затвор во траење од неколку години.