Двајцата преживеани во авионска несреќа во Јарослав, која буквално го збриша целиот хокеарски тим на Локомотив се уште се во критична состојба. Во несреќата погинале 43 лица, а преживеани се хокеарот Александар Галимов (26) и еден член на екипажот Александар Sизов. Авионот се урнал кратко по полетувањето на околу 250 километри од Москва.
– Нема промени во нивните здравствени состојби, изјавил портпаролот на Министерството за здравство. Сведокот на настанот изјавил дека Галимов, и покрај изгореници на 90 проценти од неговото тело, сeпак успеал да се извлече од местото на настанот, пишува РИА Новости. Откако го пренеле во болница тој успеал телефонски да разговара со својот татко и со другите членови на семејството. За да се открие причината за несреќата според официјални лица ќе требало да се почека најмалу една неделаа. Моторите правилно работеле, а за можна причина се наведува и лошиот квалитет на горивото во авионот.
Црната кутија била пронајдена и сега се чека да се исуши лентата и да се проверат аудио снимките, пишува Newser.