Елизабет Каналис признава дека е “папучарка”

popara9 септември, 20111min00
elizabet_f

Елизабет Каналис долго и достоинствено молчеше за врската со најпосакуваниот маж на светот, Џорџ Клуни, но неодамна го отвори своето срце и ги стави сите карти на маса.

Поранешната девојка на Џорџ Клуни, убавата Елизабет Каналис, конечно прозборе за односот во нивната врска.

-Отсекогаш мислев дека ладните мажи кои држат се под контрола се вистинскиот избор за мене. Но мора да го прифатиме фактот дека не е се така розово, како во бајките…принцот кој ќе дојде да ве спаси, не постои, изјавила Елизабет.

Елизабет вели дека понекогаш можеби е итра, но кога станува збор за љубов, таа се претвора во “папучарка”.

-Постојано барав маж кој ќе ми понуди безбедност, вели таа.

Клуни и Елизабет ја прекинаа врската на почетокот на летото, бидејќи таа сакала да одат чекор понапред, а Клуни не го делел ова мислење.

-Крајот на врската го гледам како личен неуспех, вели Елизабет и додава дека нема ништо подобро од “збогум”.

Таа одлучила да се натпреварува во “Танц на ѕвездите”, за побрзо да го преброди тешкиот период по раскинувањето.

-Отидов во САД, бидејќи веќе не можев да се соочувам со светот. Јавното прикажување на мојот живот, тешко го поднесов. Тука во Лос Анџелес најдов мир…и работа. Имав многу тежок период, ама мора да продолжам понатаму.

И додека Елизабет го лечи своето скршено срце, Клуни веќе продолжи понатаму и има ново “мевце“, Стејси Кејблер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma